Во Охрид денеска очекуваме сончево до умерено облачно време со температура до 32 степени.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в сабота ќе биде многу топло и ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт в сабота во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На некои места можно е невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен за шест часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.