Вечерва во селото Пештани со пригодна свеченост започна културното лето и ќе трае шест дена. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски и воедно ја прими благодарницата што организаторите ја врачија заградоначалникот Кирил Пецаков, за континуираната поддршка.
Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“
Денеска со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје. Од 08 до 11.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.
Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.
Извор: Општина Охрид