СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР СО ВОЗДУШНИО ОРУЖЈЕ

Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.

 

– Денес сме на стрелиштето Бејбунар, за да присуствуваме на меѓународниот натпревар во стрелање со воздушно оружје со што докажуваме дека сме искрено посветени на охридскиот спорт.

Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.

Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека традиционалниот турнир по повод нашиот најголем празник Илинден, во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и  ќе изнедри квалитетни  стрелци и  Охрид ќе го направи центар на македонското  спортско стрелаштво.

На сите натпреварувачи им посакувам врвни резултати и пријатен престој во Охрид, истакна во своето обраќање Јамандиев.