ТРАНСФЕРОТ НА НЕЈМАР ВО АЛ-ХИЛАЛ ТЕЖИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе добие шест пати поголема плата во Ал Хилал отколку во Пари Сен-Жермен.

Претходно се дозна дека Бразилецот го комплетира трансферот во саудискиот клуб.

Според „Sky Sports“, ПСЖ за трансферот ќе добие 100 милиони евра. Самиот Бразилец ќе добива 150 милиони евра годишно – шест пати повеќе отколку во ПСЖ.

Новинарот Кавех Солхекол, исто така, забележува дека на некои играчи кои се преселуваат во Саудиска Арабија им било ветено предвремена исплата на дури 50 % од нивните плати