ВО АВТОБУС КОЈ ВОЗЕЛ ОД ИСТАМБУЛ ЗА СТРУГА ,СПРЕЧЕН Е ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ НА ЗЛАТЕН И СРЕБРЕН НАКИТ

Во автобус кој возел на релација Истанбул- Струга Царинските службеници спречиле обид за криумчарење на златен и сребрен накит.

Zlaten-i-srebren-nakitBogorodica

При контрола на рачна торба, сопственост на патник со македонско и турско државјанство, кој патувајќи со турскиот автобус се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица, цариниците откриле 310 грама стар златен накит и 175 грама стар сребрен накит, во вредност од околу 374 илјади денари.
Во внатрешноста на торбата на патникот, во повеќе мали кутии и две вреќички за накит, сместени во најлонско кесе, се пронајдени 16 парчиња златен накит (нараквици, синџирчиња, обетки, прстени и приврзок) и 16 парчиња сребрен накит (прстени, приврзоци, обетки и гердан). Накитот е привремено задржан, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.