Во Охрид денеска, Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8.
Оваа седмица не очекува претежно стабилно и многу топло време, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени.
Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.