Дирекцијата на Mak Faks објави снимка чии кадри го прикажуваат Скопје во моментална, хаотична состојба.
Погледни видео:
МакФакс пишува дека Подната фонтана на скопскиот плоштад со години е сува, а ова лето саксии ги штитат граѓаните и туристите за да не пропаднат во дупките што зјаат на неколку места. На само неколку чекори од плоштадот Македонија, галијата, која трипати беше опожарена, јагленосана стои во водите на Вардар, а покрај неа врбата крстена „Надеж“ исушена, кутната во водата и со месеци служи како брана за ѓубрето во Вардар.