ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На денешната 31-ва седница на Советот на oпштина Охрид, со мнозинство гласови беа изгласани сите 88 точки на дневниот ред.

Советниците ги усвоија Предлог одлуките за давање мислење на Програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2023/2024 година и Предлог-oдлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици за основните училишта во општина Охрид. Беа усвоени и Предлог-одлуките  за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“, СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ и во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“, а беа изгласани и Предлог одлуките за  усвојување на Годишните извештаи за работата и материјално – финансиското работење за 2022/2023 година и Предлог одлуките за  усвојување на Годишните програми за работа  за учебната 2023/2024 година за сите училишта и ОЈУ„Кузман Шапкарев“.

Советниците ги изгласаа и Предлог одлуките за усвојување на извештаите за работaтa за периодот од 01.04. до 30.06. 2023 година, како и Предлог-oдлуките за давање согласност на годишните планови за вработување на 2024 година на сите општински јавни претпријатија. Беа изгласани и Предлог одлуките за усвојување на извештајот за реализација на годишните и развојните програми на Општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.06.2023 година и Предлог-одлуката за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2023 година.

На седницата беа донесени и Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2023 година, како и Предлог – одлуката за давање согласност на Измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2023 година и Предлог одлуката за давање согласност на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2024 година.

Исто така беа усвоени и Предлог Одлуката за предлагање за прогласување на локалитетот „Дувало“-сулфатарата  во село Косел во  категорија- природна реткост, Предлог-Одлуката за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво, како и Предлог Програмата за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.

Со мнозинство гласови советниците ги усвоија и Предлог Одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 7.5 и ГП 7.6 во ДУП Урбани Заедници 10 и 11 урбани блокови 10.4 и 11.1 Влашка Маала и Градинар, општина Охрид – Охрид, со тех.бр. 01/23 од јуни 2023, изработен од друштво за проектирање и градба „Снегар Компани“ ДООЕЛ Охрид; Предлог Одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација на градежна парцела ГП 5.4, во ДУП УЗ 10 и 11, УБ 10.4 и 11.1 – Влашка Маала и Градинар, Охрид со намена А2-домување во згради, општина Охрид, со тех.бр. 37/23 од јули 2023, изработен од ДПУП “Пологпроект“-Гостивар; Предлог одлуката  за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежни парцели на ГП 13.1.2 формирана во ДУП за урбан блок 13.1 урбана заедница 13 во КО Охрид 2, општина Охрид, со тех.бр. 12/2023 од август 2023, изработен од трговско друштво за производство, трговија и услуги НЈУ Вижен ДОО увоз-извоз Охрид и Предлог одлуката за донесување на техничка исправка на детален урбанистички план за ГП 3.64 на КП 10700/1 во КО Охрид 2 од ДУП за 6-та УЗ УБ 6.2 – опфат 1 – Охрид – измена и дополнување, донесен со Одлука број 07-2508/9 од 30.09.2009 година, општина Охрид, со тех.бр. 110/2023 од август 2023, изработена од институт за урбанизам, сообраќај и екологија “Ин-Пума“ Скопје.