Оваа работна седмица екипите на „Паркови и зеленило„ вршат тековно одржување на зелениот појас помеѓу двата коловози вдолж ул.„Железничка„. Бетонската жардињера се расчистува од ниската дива вегетација, се отстрануваат оштетените садници, а на местата каде се украдени садници се засадуваат нови. Зелената ограда од пироканта и котонастер се поткаструва и соодветно се оформува. Овие активности се одвиваат координирано со „Јавна хигиена„ кои темелно ја метат оваа сообраќајница и околниот простор.
Во дворот на локалната самоуправа се засадени цветни садници од видот хризантема (народски-митровденки) кои се карактеристични во доцниот есенски период. Со ова есенско цвеќе кое го има во различен колорит ќе се украсат и кружните сообраќајници по „Булевар Туристичка„.
Следуваат планираните активности со кои во парковските површини во градот ќе се засади зимската цветна реколта од видот виола-очиња.