Доаѓа мини лето, следните денови се очекува стабилизација на времето

Во следните денови пак се очекува стабилизација на времето, а ќе има и сончеви периоди.

Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, а преку ден ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Значи и покрај ова невреме, мини лето ќе имаме во следниот период, пишува Славчо Попоски.