Пазарните инспектори синоќа затвориле нови пет маркети низ земјава кои не ја почитувале одлуката за замрзнатите цени на прехранбените производи според одлуката на Владата, информираше преку социјалните мрежи директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Тој посочи дека казнети и пломбирани биле маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово.