Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори, Бр. 02-1267/2, донесена на 27. 12. 2022 година, ЈП “Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од 1 октомври ќе има измена на цените на паркинг услугите кои ние ги стопанисуваме. Имено од 1 октомври цените на сите зони, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. За потсетување досегашните цени за користење на зона А и Б изнесуваа 40 денари за еден час паркинг додека зона Премиум 100 денари за еден час паркинг. Измената важи за период од 01. 10. 2023 до 31. 03. 2024 година.
Ги замолуваме сите наши идни корисници да пристапуваат совесно и да ги почитуваат правилата и одлуките на ЈП “Билјанини Извори” и Советот на градот Охрид.