Затворениот базен во Охрид ја доживува истата судбина како и автопатот Кичево Охрид. Целосно е запрена изградбата, а Агенцијата за млади и спорт во чија надлежност е градбата не покажува никаков интерес. Глупост е тврдењето на Владата дека не го граделе базенот зошто не бил финансиски исплатлив. Постојат стратешки проекти кои мора да се реализираат. На средбата со спортските работници истакнав дека важно е новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да инвестира во спортот и во стратешки објекти кои ќе придонесат за спортски радости и шампионски резултати, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
извор: ФБ Христијан Мицкоски