Минатата недела, на партиски собир, партиската директорка на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид изјавила дека „сите стручни лица неуморно работеа не само на зачувување на статусот на УНЕСКО, туку и да се придвижат работите кон подобро“. Би сакале само визуелно да надополниме како изгледа таа неуморна работа за зачувување на културното наследство последниве години, се вели во објавата од Охрид СОС.