Повлечени контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино, апел до граѓаните да не депонираат отпад на оваа локација🚯
✅За време на туристичката сезона 2023 год., за полесно справување со комуналниот отпад кој се создаваше на тешко пристапните плажи на локалитетите Канео и Лабино, Ј.П.„Охридски Комуналец” постави контејнери во близина на Грашница, под охридското Кале
❗❗Но контејнерите кои беа поставени за оваа намена беа злоупотребувани за депонирање на секаков вид отпад од околното население, посебно кабаст отпад и градежен шут, деградирајќи го овој простор, злоупотребувајќи ја намената на контејнерите и нашите напори за подобро справување со отпадот од тешко пристапните плажи
🔊По завршувањето на туристичката сезона Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација