До Левица Охрид пристигна порака на загрижен родител, чие дете учи во ОУ ,, Христо Узунов” Охрид. Се работи за екскурзија која ја организирало училиштето во Скопје, за која учениците платиле по 1100 денари за превоз и за театарска претстава, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение истото го пренесуваме во целост:
Ако влезницата за театарската претстава чини 100 денари, тогаш организираниот превоз до Скопје чини 1000 денари. Со оглед на тоа што во еден автобус има 50 ученици, децата платиле 50 000 денари за изнајмување на автобусот.
Максималната цена за изнајмување на автобус до Скопје, со чекање од 5 – 6 часа изнесува 25 000 денари, во случајот превозникот ,, Пупе Компани” има профит од 25 000 денари. Биле организирани две екскурзии со по 2 автобуса, односно вкупно 4 автобуси, од кои превозникот заработил профит од 100 000 денари.
Да напоменеме дека сопственикот на Компанијата ,,Пупе Компани” од с. Слатино Охрид е основач на независната ,,Охрид пред се’ “, која има еден советник во Советот на Општина Охрид и е коалициски партнер на ДПМНЕ. Дали овие профити се дел од коалициските договори помеѓу ДПМНЕ и основачот на ,,Охрид пред се’ “?