ОДБЕЛЕЖАНИ 79 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ОХРИД

Со пригодна свеченост, денес во Младинскиот центар беа одбележани 79 години од ослободувањето на Охрид. На свеченоста организирана од Општина Охрид и ОО Сојуз на борци од Охрид и Дебрца, во името на локалната самоуправа се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

7_mi-odbelezuvanje_071123005– Благослов е да се живее во слобода. Тој благослов пред 79 години ни го подарија најхрабрите и најдобрите македонски синови, учесници во големата Народно ослободителна борба и дозволете ми во оваа прилика во името на Општина Охрид и во свое лично име,  да искажам неизмерна благодарност кон сите учесници во Народно ослободителната војна, а посебно кон оние херои кои пред 79 години, на Охрид конечно  му ја подарија слободата.

Денес 79 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува, да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страната на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверена сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации – истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков.

Во името на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца се обрати обраќањето претседателот Гоце Ѓоргиевски.

7_mi-odbelezuvanje_071123006– Со својата храброст и одлучност борците во антифашистичката борба ни го покажаа патот кон слободата, еднаквост и напредок.  На овој ден, но и секој друг ден оддаваме почит на нивната пожртвуваност и борбеност, на нивната истрајност и визија. 7-ми Ноември е празник на идеалот за слобода и правда на нашиот град. Тој идеал не води и ден денес во остварување на подобра сегашност, иднина на идниве млади поколенија. На овој голем празник да се потсетиме дека без почит кон минатото нема ни просперитетна сегашност ниту подобра иднина – истакна Ѓоргиевски.

Свеченоста беше збогатена со културно уметничка програма и фото изложба со мотиви од Охрид.

Чествувањата продолжуваат попладне од 17 часот со свеченaта приредба по повод јубилејот 60 години од основањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” во СРЦ „Билјанини извори“   и седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во концертната сала со почеток во 18.30 часот.