На 21.11.2023 година во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта кои, претходно, пред основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид