– Пред најавениот снежен бран, Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид со апел да се дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици
– Поради најавениот влажен и студен бран во сабота, кога ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот ќе преминуваат во снег и најавените минусни температури, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид навремено ги извршија неопходните подготовки за интервенција во зимски услови. Доколку наложат потребите, ќе се ангажира целокупниот оперативен тим и целокупната механизација со која располагаме
‼ Притоа упатуваме апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици за да може непречено да се интервенира со специјалните возила за чистење на снег
– Согласно Програмата за зимско одржување приоритет им се дава на улиците од повисока категорија каде пристапот е отежнат