ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА БУДВА И КОТОР

Делегација на Општина Охрид во  чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар  Трпеноски беа во работна посета на  Будва и Котор. Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља.  Посетата беше по повод одбележување на  Патрониот празник на Котор.

Градоначалникот Јокиќ истакна дека е поносен  на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови  и дека во иднина соработката ќе добие се покреативен облик. Охридските и останати  претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност  кон понатамошниот развој на воспоставената соработка.