10-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ЈЗПР

Советот за Развој на Југозападниот плански регион денеска во просториите на општина Охрид ја одржа  Десеттата Седница со која заседаваше градоначалникот Кирил Пецаков во улога на Претседател.

На работната средба се усвои Записникот од претходната Седница на Советот, а се разгледуваа и   Предлог -Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година,  Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година. Стана збор и за  информацијата  во врска со реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2022-2023., информација во врска со поптишаните договори за реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2023-2024. На  Седницата се одржа и  презентација на предлог концептите  за регионални проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2024-2025 година.

На 10-та Седница на Советот на Југозападниот плански регион сите точки од дневниот ред се усвоија едногласно од присутните членови.