Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповест по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.
– Со најискрени желби за благосостојба, мир и среќа, во мое лично име и во името на Општина Охрид, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.
Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски.
Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во кое ќе ги издигнуваме вистинските животни вредности. Толеранцијата и хуманоста се две силно соединети сили кои го збогатуваат човештвото, а во секој чин на добротворност сјае силна искра на надеж за подобра иднина.
Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да го споделуваме божјиот благослов! Нека е за многу години големиот празник, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.