Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 36-та Седница со 55 точки на дневен ред и усвоен амандман за обезбедување на училиштата на територијата на Општина Охрид. Последната точка беше нова и е Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
Советниците ги усвоија Предлог одлуките за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на охридските основни училишта како и Предлог одлуките за усвојување на планот и програмите за работа на јавните претпријатија под локална власт. Усвоена беше и Предлог- одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Градски пазар“. Зелено светло беше дадено и за поттикнување на развојот на туризмот и локалниот економски развој на општината за 2024 година. Беа усвоени и Предлог програмите за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица за наредната година, Предлог развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2024-2026 година.
Се изгласаа и Предлог – програмите за заштита на животната средина и природата, за спорт и рекреација , за млади и невладини организации, за активностите на општината во областа на културата, за реализација на активностите на Општината од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи.
Усвоени беа и Предлог- програмите за безбедност и здравје при работа , за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво, за работа на Советот , за активностите на Општината во областа на основното образование за 2024 година како и за капиталните инвестиции во основното и средно образование за период 2024- 2026 година.
На дневен ред се најдоа и Предлог- годишната програма на Општина Охрид за детска заштита за 2024 година,Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2024-2026 година.Предлог-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2024 година.Предлог-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2024-2026 година;Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во 2024 година.;Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2024 година;Предлог-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година;Предлог-програма урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година; Предлог-програма за други комунални услуги за 2024 година; Предлог-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2024 година;Предлог-програма за јавно осветлување за 2024 година;Предлог-програма за одржување јавна чистота за 2024 година;Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година; Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Охрид за 2024 година;Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2024 година;Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2024 година;Предлог-одлука за утврдувње на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година; Предлог-одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;Предлог-одлука за донесување Стратегија за развој на зеленилото во општина Охрид (2023 – 2032);Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар Охрид;Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти;Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 14 во ДУП за деловно станбена зона „ЗАПАД“ – Охрид, Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 формирана во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ“ во КО Охрид 4, Општина Охрид. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.1 и ГП 1.2 со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија во ЛУПД за ГП 1 за лесна индустрија – Г2 на КП 134. КО Косел, Општина Охрид.