Црвен крст со низа препораки за скокачите по светиот крст – темпертурата на водата околу 8 степени

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

На 18.01.2024 (четврток) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 8 oC.

Традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ под мотото „ЕДНА КАМПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2024 (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.

За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2024 (петок), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, нуркачки тимови, како и со медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.

Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление-Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на следните препораки:

– Со огледа на ниската температура на водата во Охридското езеро-(кај пристани[тето околу 8 оЦ), релативно ниските температури на воздухот кои се најавуваат за 19.01. (околу 9 оЦ), силен југозападен ветар со брзина од околу 10 м/с, повикуваме на исклучително високо внимание, сериозност и претпазливост на оние кои ќе влегуваат во водите на Охридското езеро:

– Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем
– Да не конзумираат алкохол пред влегуваwе во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци- чај
Алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата во организмот.
– Оние што ќе влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 3 мин.)
Во вода телото се лади десетина пати побргу отколку во воздух, особено при зголемени телесни активности.
-Да облечат обувки при влегуваwето во вода,
– Да имаат сува и топла облека по излегувањето од вода,
– За сите кои ќе бидат дел од настанот на Градското пристаниште на копно, препорачуваме:
– да облечат повеќеслојна облека
– да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај…

 

извор: Црвен крст