ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ : Продолжуваме со санирање на состојбата по снежните врнежи 

Оперативните служби на терен и денеска, продолжуваме со санирање на состојбата по снежните врнежи

После вчерашните снежни врнежи и неповолни временски услови проследени со ниски температури, дежурните екипи и денеска мобилни за побрзо санирање на состојбата
-Остатоците од снежна покривка се отстрануваат и се нанесуваат абразивни средства
-Повторно се интервенира на критични места, каде поради специфичноста на теренот повторно се формира покривка и отежнато е движењето на возила и пешаци
-Ангажманот на менаџерскиот тим и дежурните екипи во овие зимски услови е несебичен во желбата за побрзо нормализирање на состојбата во градот и приградските населби