РЕКОНСТРУИРАНА КУЈНАТА ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ОБЈЕКТ НА ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Во рамките на развојната програма за капитални инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита, во текот на 2023 година се изврши комплетна реконструкција на кујната во централниот објект на градинката. Тука се приготвува храната за сите објекти од детската градинка, а потоа се дистрибуира до секој од нив. Со овој проект,  реконструирана е електричната и водоводната мрежа, преземени се градежни зафати за комплетно уредување на просторот во кујната, набавен е нов аспиратор и современ систем за вентилација, со што се исполнети сите неоходни стандарди кои треба да ги задоволува кујната во детската градинка. Заедничката инвестиција во овој проект на Општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, изнесуваше 3.300.000 денари.