ГРАДИШТЕ НАСКОРО КАКО ТУРИСТИЧКА ЗОНА СО НАГОЛЕМИ ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ

Во рамки на новата Туристичко-развојна зона на потегот кај Градиште на брегот на Охридското Езеро ќе бидат изградени хотелски капацитети со вкупна површина од 57.078,18 метри кавадратни со приземје, пет ката и поткровје
Во Нацрт-извештајот за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко-планска документација, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски, може да се види дека површината на целата градежна парцела изнесува 114.156,35 метри квадратни и истата ќе има содржини за туристичка намена.
Урбанистичко планска документација ќе се изработи за локација дефинирана со линија и прекршни точки, во рамки на земјиште кое е сопственост на Државата. Планскиот опфат, лежи на територијата на катастарски парцели бр. КП 2294, КП 2295, КП 2295/1, КП 2296, КП 2297, КП 2298 и КП 2300. Локацијата се наоѓа на регионалниот патен правец Р1301(Р501 стара категоризација) Охрид – Св.Наум граница со Р. Албанија, во близина на населеното место Пештани, КО Пештани, општина Охрид. Географската положба и сообрајќајната поставеност на оваа локација одат во прилог за оформување на плански опфат за поставка на Туристичко развојна зона, – пишува во Нацрт извештајот.

11

Програмите и стратегиите, како и информациите кои се утврдени при изготвувањето, а се од особено значење за можните влијанија за животната средина. Извештајот на овој плански документ ги опфаќа податоците за: Постојната состојба на планскиот опфат; Потенцијалните влијанија врз населението, здравјето на луѓето, флората и фауната, почвата, воздухот, водата, климатските факториматеријалните добра, културното наследство како и мерките за заштита и намалување на влијанијата.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина не ги анализира поединечните развојни проекти, туку влијанијата врз медиумите на животната средина од глобален аспект и со него се прави само проценка на можните негативни влијанија врз животната средина. Во подоцнежните фази, преку Студиите за оцена на влијание врз животната средина или Елаборатите за заштита на животната средина кои се законска обврска при утврдување на вакви зони, врз основа на укажаните ризици ќе треба да направат детални анализи и да дадат препораки за реализација на овој план.