СЕ ОДРЖА ТРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Без поголеми расправи и дискусии советниците денес ја одржаа 37 седница на општинскиот совет. На дневниот ред беа десет точки, кои се однесуваа на работата на јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, неколку беа од сферата на урбанизмот, а се усвои и програма за контрола на популацијата на бездомните кучиња.

Како дополнителна точка советниците ја усвоиија одлуката за утврдување на приоритет на: „Проектот за намалување на загуби на вода со намена и инсталација на мерни инструменти за далечинско отчитување на комплет со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување во Општина Охрид“. Со овој проект се очекува значително подобрување на водената инфраструктура во општината.