Донев: Незалудна била искрената и чесна работа и после 12 години се оствари мојата желба да ја видам ЈП НИСКОГРАДБА со одблокирана сметка

Конечно…
Незалудна била искрената и чесна работа и после 12 години се оствари мојата желба да ја видам ЈП НИСКОГРАДБА со одблокирана сметка, напиша на својот ФБ профил претседателот на Советот на Општона Охрид, Сашо Донев.

Во продолжение објавата ја пренесуваме во целост:

Процесот на раздолжување го започнав во 2013 година како директор на јавното претпријатие Нискоградба заедно со тогашната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За само 4 години заедно со Секторот за финансии и вработените кои веруваа во нас успеавме да вратиме 40 милиони денари од вкупниот долг кој надминуваше 70 милиони денари.
ВМРО-ДПМНЕ го смени дотогашниот принцип на работа за испумпување на парите од граѓаните кон приватни фирми(подизведувачи), а со тоа ги спаси од тотален колапс јавните претпријатија.
Нискоградба беше носител на голем број проекти кои ги реализираше Општина Охрид.
После моето заминување оставив побарување од реализирани проекти кон општината од 24 милони денари, 4 милиони денари на сметката на претпријатието и 0 денари долг за тековни обврски кон доверители.
Чесно е да се спомене дека и новото раководство продолжи со трендот на намалување на долгот, но со далеку помал интензитет.
Процесот на конечно раздолжување и инвестиции се започна со исплатата од над 10 милиони денари од страна на градоначалникот за одблокирање на сметката, и 20 милиони денари инвестиции во нова механизација.
Денес Нискоградба има одблокирана сметка, нова механизација и ќе се бори во иднина да овозможи подобри и поквалитетни услуги кон граѓаните.