Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Измените и дополнувањата на Законот за квалитет на амбиентен воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21), Градоначалникот на Општина Охрид
О Р Г А Н И З И Р А
- Јавна презентација и јавна расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027). - Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год.
- Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 05.04.2024г. во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.
- Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил: zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.