ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА АДАПТАЦИЈА НА ПРОСТОР

Здружението за воспитно и образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид, доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика, во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.12/2022 за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за набавка на градежни работи за адаптација на простор.

Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.

Се упатуваат сите заинтересирани понудувачи од точка 3.14, 3.15, 3.16 и 3.17 од „Прописите за набавки“, да ги почитуваат одредбите за судир на интереси во делот каде е дефинирана политика за конфликт на интереси на Светска банка.

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на проектниот координатор Весна Габелоска, од каде може да добијат електронска форма на тендерската документација со барање на следната адреса: ул. Крум Точков бр.46, 6000 Охрид.

Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 29.03.2024 година, на следната адреса: ул. Крум Точков бр.46, 6000 Охрид.

https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/