Црвен крст Охрид, во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, и оваа есен традиционално од 23-ти до 29-ти ноември ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица.
Како дел од предвидените активности, Црвен крст Охрид ќе распише конкурс за избор на најстар жител / жителка во општините Охрид и Дебрца, како и конкурс за избор на брачен пар со најмногу поминати години во брак во Охрид и Дебрца.
Со содржината и деталите за условите за пријавување на конкурсот и останатите активности за Неделата на грижа за стари лица ќе бидат објавени на денешната прес конференција. На конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од спроведената кампања за Неделата на борба против гладта 2015 година.