Граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радио Дифузна Такса истите мора да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, активност која УЈП ќе ја отпочне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка.
Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?
-Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“http://etax.ujp.gov.mk
Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!
Како да проверите дали имате долгови за Радио Дифузна Такса?
-УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.
За проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека извршеното плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП граѓаните може да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.
–За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте преку Инфо центарот 0800 33 000;