Коалицијата „ВЛЕН“ по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица, односно ДУИ имат 1 пратеник помалку
Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или 8 мандати, „ВЛЕН“ 47 849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21 639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6 414 или еден мандат.
Почнуваат да течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите е до петок, 22 часот.