ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

По повод  24. Мај, денот на  сесловенските просветители  Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, денеска положи свежо цвеќе на нивното спомен обележје на Охридскиот кеј.

Свежо цвеќе положија претставници на амбасади и конзуларни претставништва во Македонија, пратеници, претставници на охридските основни и средни училишта, претставници на културни институции, здруженија на граѓани и претставници на политички партии.