Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес на улицата „Јане Сандански“ извршуваат градежни активности за изградба на тротоар. Тротоарот ќе се протега од раскрсницата кај гимназијата „Св. Климент Охридски“ кон кејот и е во должина од 100 метри.
Овај потег до сега беше не заштитен и не безбеден за пешаците и претставуваше проблем за жителите од овај дел на градот. Со оваа градежна активност се решава проблемот на жителите и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.