ПОДДРШКА ЗА СЕМЕЈСТВОТО ДЕМО ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА- OХРИД

10 -членото семејство на Илбер неодамна добија решение за иселување, од бараката на ул „Кленоец“ (бараки) во која живееа 15 години. Социјалниот работник Наташа Климоска изјави дека комплетно се запознаени со состојбата на семејството Илбер, кои во Центарот веќе биле евидентирани како семејство под социјален ризик ,и било вклучено во системот на социјална заштита.

„Во тек е постапка за набавување потребна документација. Тука Центарот советодавно, стручно и мотивационо влијае врз семејството и нуди поддршка при набавување на целокупната потребна документација со која би можела семејството да аплицира за добивање на социјален стан кој што е во надлежност на Комисијата за станбени прашања при Влада на РМ “ – вели Климоска.

Ц.С.Р на семејството Илбер му помогнале и со еднократна парична помош, но и му обезбедувале бесплатно лекување на едно од децата кое е болно.

„Обезбедивме право на здравствена заштита и друга документација која што беше неопходна за продолжување на лекарскиот третман. По санирање на здравствената состојба, детето со родител беше упатено на Комисија за категоризација со цел да се утврди видот и степенот на заболувањето како би можело во понатамошна постапка да се поднесе и да се оствари право на посебен додаток како и право на бесплатна здравствена заштита на детето“ – додава Климоска.

Бидејќи се појавил и случај на незапишани лица во јавната матична книга на родени , Охридскиот Центар за социјална работа посредувал и за евидентирање на децата кои воопшто не биле запишани во матичната. Со тоа им обезбедиле извод и останата лична докуменација која во иднина ќе послужи за остварување на понатамошните права. Со семејството Илбер работеле повеќе тимови,и во иднина континуирано ќе се следи состојбата на семејството, ќе помагаат во рамки на нивните можности како и во остварување на контакт со другите надлежни институции од социјалната сфера со цел да се помогне на ова семејство.
tatkoto