УЛИЦАТА „ СТИВ НАУМОВ“ – СО НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

ЈП „Нискоградба“ започна со  градежни активности за  изведба на фекална канализација на крак од улицата ’’Стив Наумов’’.

На овој дел ќе бидат поставувани цевки со дијаметар  од Ф-200 и ќе се врши преприклучување на објектите на мрежата на потегот на кој се изведуваат активностите.
Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи  за подобрување на системот за отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.