Екипа на Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежна активност во с.Велгошти, изведба на улична канализациона мрежа. Со овој зафат приклучок во канализационата мрежа ќе добијат неколку семејства со што трајно се решава проблемот на одведување на отпадните води, кое пак од друга страна придонесува за зачувување на здрава животна средина. Одговорните во Нискоградба остануваат на заложбата да секаде каде што има минимални услови се прават напори за приклучување во канализационата мрежа