ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ИЗРАЕЛСКИТЕ ГОСТИ ВО ОХРИД

По остварената средба во Израел, денес во возвратна посета на Охрид, престојуваше Шмуел Цурел, генерален директор на S. ZUREL компанија за туристички маркетинг, кој имаше работна средба со Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за ТЛЕР.

Гостинот од Израел понуди платформа за соработка, со која потенцијалните партнери од Израел организирано ќе носат гости на охридското крајбрежје, преку авионската чартер линија, која ќе биде воведена од наредната година. На средбата стана збор и за воведување на редовна авио линија, по сличниот принцип на соработка воспоставен со Визер, со што прогрогресивно би растел бројот на израелските туристи.

Со оваа платформа предвидено е истражување на Израелскиот пазар, маркетиншки и промотивни активности за Охрид во Израел и еваулација на охридската понуда, согласно барањата и потребите на израелските туристи. Се очекува во најскоро време Охрид да има голема промоција во Тел Авив и конкретизирање на соработката