Семејството од Охрид со осум деца, кое живее во субстандардни услови во една од бараките што наскоро ќе бидат урнати, Премиерот Никола Груевски во консултација со директорот на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор Цветко Грозданов се информираше за начинот како да му се помогне на семејството при што беше соопштено дека во најскоро време ќе биде свикана комисија која во скратена постапка ќе му додели еден од становите наменети за социјално загрозени семејства. Премиерот беше дециден – тоа да се стори во најкус можен рок и да се забрза целата процедура околу обезбедувањето на потребната документација, така што тоа семејство до вторник ќе ги добие клучевите од новиот стан.