Општина Охрид во соработка со Месната Заедница од с. Лескоец и Здружението на туристички водичи и придружници „КЕЈ“ – Охрид го изгради Видиковецот во рамки на црквата Св. Наум Охридски во с. Лескоец.
Вкупната вредност на проектот финансиран од страна на општината е 110.000,00 денари а целта е афирмација на просторот, реализирање на културни и едукативни активности, промоција на предностите и просторна ориентација на вредностите.
Во реализација на проектот беа вклучени и жителите на с. Лескоец, месната заедница и претставници од црковниот одбор.
Изградбата на Видиковецот во с. Лескоец е само еден од неколкуте проекти што општината ги реализира по јавниот повик на Секторот за ТЛЕР за финансирање на проекти од областа на одржливиот Локален економски развој и туризам а е согласно програмата за поддршка на локалниот економски развој и поттикнувањето на развојот на туризмот на општина Охрид. На ваков начин општината зеде учество и го реконструира и Домот за култура во с. Куратица а се изградија и трибините на игралиштето во с. Подмоље.