Јавното претпријатие „ Нискоградба“, продолжува континуирано да работи на подобрување на системот за одведување на отпадни води. Деновиве се извршуваат градежни активности на дел од ул. „ Стив Наумов“. Се врши промена на цевките за одведување на отпадни води и се прочистува и линијата од наталожени шут и нечистотија.