Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе врши увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем.
Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот инспекторат (над УНИ БАНКА поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата наЗаконот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се законски глоби доколку во одделен случај не се подмири обврската по основ на Такса за привремен престој за извршената услуга за ноќевање.
Средствата од таксата за привремен престој треба да ги уплатите на:
Назив на примачот: Трезорска сметка
Цел на дознаката: Такса за привремен престој
Сметка: 100000000063095
Приодна шифра: 717111 00
Ова известување е последна опомена пред изрекување на казнените одредби согласно законските овластувања доколку не сте ги исполниле Вашите законски обврски.