Во периодот од 2013-2017 година, Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година.
На Конкурсот, кој ќе биде отворен до 14-ти декември 2015 година, може да учествуваат:
–правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација;
-автори-издавачи на сопствени дела (публикации);
-автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд.
Министерството за култура на овој конкурс ќе даде приоритет на: оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците; публикации наменети за деца и млади; публикации наменети за лицата со посебни потреби.
Од печатените пријавени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци кои биле пријавени на конкурсот.