Денешната 47-ма седница на Советот на општина Охрид.траеше нешто повеќе од 4 часа. На дневниот ред, главно доминираа советничките прашања, како единствена точка на дневиот ред кој Коњаноска претходно го најави а советниците по однапред утврден редослед поставуваа прашања до градоначалникот, локалната самоуправа и јавните претпријатија.
На седницата главно доминираа прашања од инфраструктурата, кои покриваа различни региони од општината и потребите на граѓаните. Беа поставени прашања и за
-приоритетите во спроведувањето на инфраструктурните проекти,
– изградбата на новата автобуска станица, катните гаражи, водоводни и атмосферски инсталации,
– изработка на детални урбанистички планови
Во најголем дел одговораше градоначалникот Бакрачески, а за деталите поврзани со работата на јавните претпријатија одговараа нивни претставници.
Во однос на идната автобуска станица , според градоначалникот Бакрачески постојат шпекулации за изградбата на новата автобуска станица кои се без основа а инвеститорот со потребната динамика наскоро ќе го реализира овој капитален објект за Охрид.
На седницата Исто така е потврдено дека во Охрид во овој момент е извесно дека ќе се гради само една катна гаража. Според градоначалникот Бакрачески, локалната самоуправа во реализирањето на проектите се раководи од програмата која беше презентирана пред граѓаните и од ургентноста и потребите на граѓаните.