Охриѓанката Елисавета Мартинова доби награда во Белград на манифестацијата “Најуспешна Бизнис жена на 2024год”

На 16.9 во хотелот Hyat Belgrad се одржа манифестацијата “Најуспешна Бизнис жена на 2024год.” ,која е надополнување на “Најуспешни Дами и Брендови за 2024 Година”.

Настанот се одржа на 16.9 во луксузниот хотел Hyatt Regancy во Белград и на едно место се собраа најдобрите жени,дами од Балканот и пошироко.

Елисавета е нашата најуспешна дама за оваа година, која напорно работи и се труди да успее во повеќе земји низ светот.

Ме контактира госпоѓа Кристина Медиќ, која воедно е и организатор на оваа манифестација заедно со Радио Фокус. Г-ѓа Медиќ пред све као пријател го следи мојот успех веќе долги години. Иако бев низ светот со обврски и работа,сепак одвоив време да ја примам оваа награда.
На среќата и немаше крај!

Радио станицата ги доделува наградите со цел да ги препознае и награди исклучителните достигнувања на жените кои со својата работа, труд и иновативност придонесуваат за развојот на економијата и јавната администрација, како и на пошироката општествена заедница.

Елисавета не е само уметник кој изработува уникатен накит. Таа е дипломирам менаџер во Туризмот а псоледните 3години FMB- Food bar manager која работи со своја фирма за вработување во угостителството.
Професионалец како келнер која зборува неколку јазици.
Елисавета со своите комуникациски способности веќе две години соработува со Австриа и Англија за продажба на козметички производи .
Таа е спортиста која се бави со kick boks,пливање и планинарње.

Како се добива оваа награда, дали се пријавивте или некој ве препорача?

За наградата која ја добив во Белград бев контактирана од страна на главната уредничка на Фокус радио, г-ца Мадиќ и нивната комисија. Конкурирав со моето портфолио на изложби и слики. Учествуваа дами од целиот Балкан и морам да признам дека конкуренцијата беше навистина сериозна.

Неколку збора за Вас лично.

  • Потекнувам од скромна фамилија на која сум горда и среќна. Јас сум пример дека Сонот може да се исполни доколку се сака и работи со срце!
    Ведра,секогаш насмеана да помогнам и да ги мотивирам младите да не се откажуваат никогаш.
    Мој совет за сите млади: Доколку не успевате тука,светот е голем и Ве чека!
    Оваа награда ја посветувам на Бога и моите родители,бидејќи тие веруваа кога јас неможев.

Од колку години се занимавате со изработка на накит и акцесоари?

  • Од својата 9тс година љубовта започнува од градот Струга. Се започна на струшкиот пазар со само 50денари кои ми ги даде мојот татко. Одсекогаш како мала ги гледав Охрдските бисери и ситната мунистра и мојата љубов беше на прв поглед,знаев дека ќе се занимавам со тоа.

Од кога постои брендот Martinelly design?

  • Martinelly design постои од 2015година. Тогаш ја изведувам мојата прва изложба во Музејот спомен куката на Робевци.