Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава по повод нејзиното „пензионирање“, откако нејзината мајка Рокси Јаченко ѝ укажала на важноста да се воспостави рамнотежа меѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“.
Пикси почна да продава тн. „фиџет-спинери“ за време на корона-пандемијата, по што заработи неколку милиони долари.
Младата претприемачка од Австралија ќе приреди забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден за да се сосредоточи на образованието.
Нејзината компанија во првиот месец од основањето заработила околу 140.000 долари, а Пикси веќе живее раскошен живот.
Сепак, многу други родители ги коментираа објавите на Рокси на социјалните мрежи, велејќи дека Пикси е премногу млада за да живее така – дури и ако може да си го дозволи тоа.
Во една објава на Инстаграм, Рокси сподели слика од ноктите на Пикси, а другите родители брзо ги напишаа своите мислења.
Повеќето од нив не се согласуваат со ваквиот пристап и тврдат дека Пикси е сѐ уште премлада за да има вештачки нокти, да се шминка или да живее таков луксузен живот.