ОПШТИНАТА КОНТИНУИРАНО ГО СТИМУЛИРА НАТАЛИТЕТОТ ВО ОХРИД

Во насока на стимулирање на наталитетот , Општина Охрид од месец јануари  2014 година  до денес во континуитет  доделува еднократна  парична помош  во износ од 5 000 денари за секое новороденче  родено во ЈЗУ „Општа Болница“- Охрид.
Само годинава  оваа парична помош е доделена на 344  мајки или  по овој основ се исплатени 1. 720 000 денари.
Од месец јануари 2014 година, кога и започна проектот  до денес  оваа помош е доделена на 763 мајки , односно по овој основ Општината исплатила  3. 815 000 денари.