Претседателот на Советот на општина Охрид- Гордана Коњаноска , врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 03.12.2015 година (четврток) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 46-тата седница
1. Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година.
2. Предлог Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги.
3. Предлог Одлука за донесување план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на општина Охрид.
4. Предлог Одлука за утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година.
5. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2035 КО Долно Лакочереј.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател Гордана Коњановска